Преглед
Новиот Korando e-Motion едноставно го премостува јазот помеѓу традиционалното и модерното.
Од една страна, тој е најмодерниот претставник на брендот кој има повеќе од шест децении искуство во развој на моделите со погон на четири тркала.
Од друга страна – нуди сосема ново возачко искуство.
Со новиот, целосно електричен мотор ја транспортира историјата на SsangYong во новата иднина: 100% без емисија и со многу забава во возењето. Во град и на терен.
Дизајн
е- Моционален дизајн
Дизајнот на новиот Korando e-Motion e единствен и футуристички. Посебна карактеристика на дизајнот се бројните сини детали вградени во каросеријата.
Моќните линии и облици се истакнуваат со чиста и лесна енергија, токму како и технологијата која се наоѓа под хаубата.
Иднината станува многу возбудлива!
- Grand White
- Grand White
- Grand White
- Grand White
- Grand White
- Grand White
Удобно полнење: Кога и да посакате, по ваши правила
Празната батерија можете да ја наполните на ѕиден полнач до 100% за 11 часа – на пример, преку ноќ.
Батеријата се полни до 80% за помалку од еден час, доколку користите брз полнач.
Планирајте го полнењето: Можете да го планирате времето на полнење преку навигацискиот дисплеј на централната конзола, така што ќе го сетирате времето на почеток и крај на полнењето.
Ограничување на максимум полнење: Доколку поставите максималено ниво на полнење, полнењето автоматски запира штом ќе се постигне тоа ниво.
Ограничување на струјата: За да избегнете грешки при полнењето можете да ја ограничите максималната струја при полнење со назименична струја.
Ентериер
Твојата комфор зона на четири тркала
Без разлика дали се работи за краток шопинг, семејни излети или долги патувања, Korando e-Motion со леснотија ќе ја исполни секоја задача.
Неговата внатрешност е една од најпространите во сегментот, а благодарение на големиот и флексибилен багажен простор Korando e-Motion лесно се справува со предизвиците на секојдневниот живот.
Внатре, веднаш те обзема чувство дека си во добри раце. Повеќеслојно тапацирани седишта со перфектна ергономија, доволен простор за колената и лактите, пријатни материјали и тивко пријатно возачко искуство.
Korando e-Motion: местото каде што сакаш да бидеш
Ултимативен простор за опуштање
Во моментот кога ќе седнете во е-Motion седиштата, вашето тело е обземено од чувство на целосна удобност.
Перничињата на седиштата се направени од пена со поголема густина и нудат одлична поддршка за рамената, грбот и другите критични точки на притисок.
Во зависност од избраното ниво на опрема, седиштата доаѓаат со електрично 8 насочно прилагодување, греење, вентилација во 3 фази и со 4 насочна лумбална поддршка.
Просторот во внтарешноста е доволно голем за да овозможи лесно влегување и излегување.
Технологија
Ново ниво на динамички перформанси
Новото потполно електрично возење на Korando e-Motion, го засенува секој претходен впечаток зад воланот на овој SUV. Силата на електромоторот се развива без одложување, директно од мирување, без никакви грчеви во менувањето и речиси целосно без механички шум.
Korando e-Motion фасцинира!
152.2 kW Максимална моќност
Испорачувајќи 152,2 kW и вртежен момент од 339 Nm, со Korando e-Motion ќе добиете врвни динамички перформанси. Регенеративните сопирачки ја трансформираат кинетичката енергија генерирана со сопирање, во електрична енергија за полнење на батериите.
Рачки на менувачот (контрола на регенеративното кочење)
Рачките на менувачот додаваат фактор на забава допуштајќи да го контролирате нивото на регенератино кочење заради подобрени динамички перформанси и зголемена ефикасност.
SBW (Shift by wire)
SBW вклучува традиционална рачка на менувачот во облик на буквата Т, но исто така вклучува и практична водилка со стрелка во горниот дел на рачката, за да се спречат грешки во менувањето додека сте во позиција P.
Безбедност
Сигурност која штити и спречува
DEEP CONTROL напредниот систем за автономно возење на SsangYong Motor, користи камера и радар за постојано да ја анализира околината и секоја ситуација во возењето, со цел преку интервенција во електрониката на возилото, да се ублажат опасните ситуации што е можно порано и да се избегнат несреќи.
ARP (Active rollover protection)
Заштита од превртување интегрирана со ESP, контролата на пролизгување (TC) и контрола на спуштање по надолнина.
Направен од челик со ултра висока цврстина
77% од челикот користен во развојот на Korando е челик со ултра високо ниво на цврстина, а новодизајнираната кабина уште подобро ги заштитува патниците во случај на судар.
Електричен SUV за сите
Градејќи на својата репутација на експерт за SUV возила, SsangYong го презеде својот следен голем чекор развивајќи го својот прв, целосно електричен SUV – Korando e-Motion.
Наследувајќи ја практичноста и сестраноста на веќе докажаниот Korando, новиот е-Motion нуди сериозно добар изглед на SUV, подобрени сигурносни системи, но пред се екномичност, одржливост и еколошки прифатливи вредности.
Но тоа не значи компромис во поглед на возната динамика. Напротив Korando e-Motion го спојува најдоброто од двата света – моќта на SUV и задоволството на електричната мобилност, со сите нејзини предности.