Преглед
Новиот Korando е вистински кросовер, кој знае како совршено да ги комбинира предностите и присуството на SUV со удобноста и управувањето со седан. Со Deep control технологијата за асистенција на возачот, тој прави значаен чекор кон автономното возење и со тоа обезбедува поголема безбедност и удобност. Korando е подготвен за иднината. Дали си и ти?
Дизајн
Впечатливиот “машки” изглед на Kornado, уште повеќе доаѓа до израз со доследната примена на LED техноголијата преку футуристичкиот дизајн на задните светла, интегрираните LED светла во браниците и со карактеристичниот изглед на предните фарови.
Палетата на бои е внимателно селектирана да го истакне уникатното присуство на Korando на улиците.
- Grand White
- Grand White
- Grand White
- Grand White
- Grand White
- Grand White
- Grand White
Моќен изглед
Смелиот став и црната хромирана маска со висок сјај, придонесуваат за моќната SUV појава на Korando.
Динамичните линии по должината на C-столбот и страните му даваат остар и стилски профил, а задната “satin chrome” лајсна креира порафиниран, високо-класен изглед, во однос на стандардниот хром.
Атлетскиот дух е надополнет со избор на 3 модели на стилски дизајнирани алуминиумски фелни со големина од 17″ до 19″, во зависност од избраното ниво на опрема.
Ентериер
ВНАТРЕШНОСТ КОЈА ГИ ИСПОЛНУВА СИТЕ ОЧЕКУВАЊА
Пространа, удобна и тивка – внатрешноста на новиот Korando ве пречекува во атмосфера која креира апсолутно чувство на удобност. Комфорното седење во сите седишта е надополнето со низа паметни детаљи во внатрешоста, како и со Infinity амбиенталното осветлување so 34 бои за прилагодување.
Сеедно дали планирате кратко патување или подолга дестинација, со Kornado уживањето е загарантирано.
Секогаш поврзан
Со помош на Apple CarPlay и Google Android Auto, можете да го поврзете вашиот паметен телефон со инфо-медиа системот во секое време и на тој начин да имате пристап до бројни функции додека возите – мапи, музика, телефонски броеви и слично.
Blaze Cockpit
Со полна брзина напред во иднината! Ова е чувството што го имате кога гледате во целосно дигиталниот панел со инструменти, кој ги заменува традиционалните мерачи на брзина и истовремено е поврзан со системот за навигација.
Технологија
СИЛНА ИЗВЕДБА
Korando доаѓа со бензински мотор од 1.5 литри GDI Turbo, со вртежен момент при мали брзини, што овозможува брзо забрзување кога е тоа потребно. Овој модерен мотор испорачува 280Nm вртежен момент на 1500 до 4000 rpm и 1.5 тони капацитет за вчечење.
Дизел моторот од 1.6 литри испорачува моќност од 136 ks без никаков напор при секакви услови на возење, 324Nm вртежен момент на 1500-2500 вртежи и капацитет на влечењр од 2 тони.
Систем за режим на возење
Кај моделите со автомаски менувач можете да изберете еден од трите режими на возење: Normal, Sport или Winter.
Секој режим обезбедува најдобри перформанси и најголема безбедност, соодветно на условите на патот и возната динамика.
- Normal е стандардниот режим наменет за секојденевно возење
- Sport режимот испорачува поголема моќност, при малку зголемена потрошувачка на гориво
- Winter го стартува возилото во втора брзина за да спречи пролизгување на тркалата на замрзнати површини и во зима.
Напреден погон на сите тркала
Опционалниот 4×4 систем ја оптимизира распределбата на силата помеѓу предната и задната оска, обезбедувајќи најдобар можен пренос на моќност и доволна тракција на секоја површина на патот и во секоја ситуација на возење.
6-степен мануелен менувач
И бензинскиот GDI Turbo и дизелскиот мотор се достапени со 6 брзински AISIN автоматски менувач кој овозможува глатко менување на брзини со максимална ефикасност во потрошувачката на гориво.
Моделите со автоматски менувач стандардно доаѓаат со ISG – Idle Stop & Go system, го гаси моторот кога автомобилот не е во брзина, со што се намалува потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови.
Безбедност
БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО. СЕКОГАШ И СЕКАДЕ.
Корандо е опремено со активни системи за предупредување и контрола за да се минимизираат ризиците во сообраќајот и да се спречат несреќи.
7 воздушни перничиња
1 воздушно перниче за возачот
2 воздушно перниче за совоозачот
3 воздушно перниче за колената (возач)
4, 5 странични воздушни перничиња предни (лево / десно)
6, 7 воздушни перничиња завеси (лево / десно)