За нас
Постоењето на SsangYong (сега KG Mobility) е историја на пробивање на граници и соочување со предизвици, за да се постигне подобра иднина. Како врвен производител во корејската автомобилска индустрија, SsangYong е ценет поради својот напреден стил и извонредни перформанси, уште од своето основање во 1954 година.
Компанијата влезе во ерата на автомобилите со погон на четири тркала во 1980-тите самостојно развивајќи ги Musso и Korando. По 2000 година SsangYong се етаблираше како предводник на SUV сегментот, развивајќи цела линија на SUV автомобили која ги вклучува Rexton, Korando, Actyon Sports, Tivoli и XLV.
KG Mobility го предводеше напредокот на еколошки прифатливата дизел технологија, преку развојот на светски познатите common rail мотори. Компанијата се фокусира на јакнење на својата глобална конкурентска предност во производството на мали, еколошки прифатливи e-XDi220 мотори кои ги исполнуваат Euro6 стандардите, а разви и свој електричен автомобил.
Компанијата ги извезува своите SUV автомобили преку скоро 1500 глобални мрежи во 126 земји и активно ја шири својата глобална присутност воспоставувајќи дистирбуција на повеќето главни меѓународни пазари.
За да осигура одржлив раст, KG Mobility не се фокусира само на постоечките и зрели пазари, туку исто така ги развива и новите пазари како што се Средна Америка, Источна Европа, па дури и Индија и Кина.
Целејќи кон најдоброто, KG Mobility ги зголемува своите напори во развојот на нови дизајни и технологии кои можат да постигнат врвни возни перформанси и го одразуваат вистинскиот идентитет на компанијата.
Аутомакедонија АД Скопје е единствен овластен дилер и сервисер на марката SsangYong во Македонија